(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во Полска – Трамп тврди дека Путин ги испратил „ненамерно“
Во Полска на 20 ноември експлодирале три руски ракети Х-101, а не две ракети и еден реактивен дрон, како што беше првично објавено. Ова го утврдило Окружното обвинителство во Лублин. Остатоци од ракетите биле пронајдени на три локации – Нови Липовец, Рудник и Молодич.
Првичните податоци покажуваат дека сите ракети биле произведени во четвртиот квартал од 2026 година во фабриката во Дубна, во Московската област. Во Рудник и Нови Липовец завршиле увидите на местата на експлозиите, а сите остатоци биле собрани. Во Молодич, увидот ќе продолжи и денеска.
„Во текот на целата ноќ местото на инцидентот беше строго изолирано и обезбедувано. Сите фрагменти од ракетите, кои досега се собрани како судско-криминалистички доказен материјал, ќе бидат подложени на дополнителна специјализирана експертиза“, соопшти Марчин Козак, портпарол на Окружното обвинителство во Лублин.
На 20 ноември, за време на масовниот напад врз Украина, три руски воздушни објекти го нарушиле воздушниот простор на Полска. Полскиот министер за одбрана Владислав Косинијак-Камиш соопшти дека шведските борбени авиони „Грипен“ се обиделе да пресретнат еден од објектите, но поради сложените временски услови пилотите не успеале визуелно да ја идентификуваат целта и не ја собориле, иако имале дозвола за тоа.
Полска побара итни консултации во НАТО, кои треба да се одржат денеска. Варшава бара зајакнување на воздушната одбрана на источниот крило на Алијансата, пред сè преку распоредување авиони AWACS за воздушно набљудување и радарско следење.
Засега, сепак, Полска не планира да го активира членот 4 од Договорот на НАТО, кој ѝ овозможува на секоја земја-членка да побара заеднички консултации со сојузниците кога смета дека се загрозени нејзиниот територијален интегритет, политичката независност или безбедноста.
Рускиот претседател Владимир Путин испратил дронови и неколку помали ракети во Полска ненамерно, објасни американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Полскиот премиер Доналд Туск, сепак, не се согласува со омаловажувањето на случувањата.
„Да не се залажуваме. Има инцидент кој бара реакција, но нашите сојузници, на пример САД, не сакаат да реагираат премногу бурно. Не сакаат одговорот да предизвика нова спирала на ескалација и јас го разбирам тоа. Но, не секогаш, благо речено, се согласувам со оценките и толкувањата на овие инциденти од американска страна“, изјави Туск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…