Објавено на:

Кој ја шпиониpa Кина?: Десет странски шпионcки морски дронови „уловени“ во Жолтото Море

t

Десет шпионски морски дронови од странски земји беа „фатени“ во Жолтото Море во територијалните води на Кина, а кинеските власти соопштија дека тие претставуваат закана за националната безбедност.
Кинеските власти наградија 11 рибари и пет поврзани лица од провинцијата Џиангсу, која се наоѓа на брегот на Жолтото Море, за откривање и фаќање 10 сомнителни странски направи со шпионски функции во кинеските територијални води од 2020 година, пренесува „Глобал Тајмс“..
Истрагата и техничката анализа утврдиле дека 10 уреди, произведени надвор од Кина, имаат посебни функции, како подводно истражување, идентификација и кражба и дека претставуваат закана за националната безбедност, пишува кинескиот државен медиум.
Кинеските власти воведоа високи парични награди за луѓето кои обезбедуваат корисни информации за шпионски активности, во износ до половина милион јуани (78.000 долари).

Во последниве години, забележани се неколку такви случаи во кои беа откриени пловечки шпионски уреди. Во април минатата година беше откриен пловечки дрон долг три метри, кој имаше соларни панели, антени и опрема за надзор, која властите подоцна ја опишаа како уред за извидување што тајно беше вметната во кинеските води од друга земја. Во 2018 година, вкупно 18 луѓе добија награди во провинцијата Џиангсу за откривање шпионски пловечки дронови.
Фреквенцијата на морски дронови во оваа област може да се објасни со фактот дека провинцијата Џиангсу има брег долг повеќе од 1.000 километри, кој гледа на Јапонија и Јужна Кореја. Сепак, кинеските власти се уште не соопштуваат од кои земји доаѓаат шпионските беспилотни летала, пишува РT .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

11 лица загинаа откако мост во Кина…

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…