Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се добри, но делата се подобри

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повика Кина да ги забрза тековните разговори за воспоставување побалансирани трговски односи меѓу Брисел и Пекинг.

„Да бидам јасна: ќе ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање за да ги балансираме нашите односи. Зборовите се добри. Но, делата се подобри“, изјави фон дер Лајен.

Таа потсети дека трговскиот дефицит со Кина сега изнесува една милијарда евра дневно.

„Достигнавме пресвртна точка“, додаде таа.

„Некои велат дека се заканува втор кинески шок. Но, тој веќе е тука. Тоа се гледа во нашите заедници и фабрики низ целата Унија. Тоа води кон деиндустријализација во индустриското срце на Европа. Ова е неодржливо“, рече претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лајен во минатото неколкупати се закани дека ЕУ ќе преземе еднострани трговски мерки за заштита доколку дијалогот со Кина не донесе конкретни резултати.

Европејците си поставија рок до октомври за да постигнат напредок во разговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…