Крадец се заглавил на ограда од црква во Кочани, интервенирале полицијата и итната помош
Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.
Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот.
На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава, што дополнително ја вознемири јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крадец се заглавил на ограда од црква…
Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во…
Родителите од Кочани за условната казна за…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Кривична за обезбедувачот на Мицкоски кој физички…
Полицијата поднела кривична пријава против полициски службеник…
На судењето за „Пулс“ се читаа исказите…
Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра…