Објавено на:

Кривична за обезбедувачот на Мицкоски кој физички си ја нападнал сопругата

t

Полицијата поднела кривична пријава против полициски службеник кој физички си ја нападнал сопругата, а за кого дел од меидумите објавија дека е член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во  ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена“, велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…