Објавено на:

Кривична пријава за поранешна претседателка на комисија во Министерството за здравство, МВР се сомнева на несовесно работење

t

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 39-годишна скопјанка поради сомнение за несовесно работење во службата, поврзано со вршење на должност во Министерството за здравство.

Како што соопшти МВР, НККР Свети Николе до Основното јавно обвинителство во Свети Николе поднел кривична пријава против Д.П. (39) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според полицијата, во периодот од 18 ноември 2022 до 21 август 2024 година, како претседател на Комисијата за оценување на исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, осомничената несовесно ги извршувала своите службени обврски.

МВР наведува дека, иако согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции била должна да организира најмалку две контроли во периодот од садење до берба на канабисот, таа не организирала инспекциски надзор кај правно лице од Свети Николе кое произведувало медицински канабис.

Во соопштението се додава дека, и покрај известувањата што компанијата ги доставувала во текот на 2022 и 2023 година, не биле спроведени законски предвидените контроли. Според МВР, со тоа му било овозможено на правното лице да оствари вишок од 56 килограми канабис, што било констатирано при контрола извршена на 19 февруари 2025 година.

За случајот е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка е во надлежност на Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешна претседателка на комисија…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој…

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода,…

(Видео) ФИФА воведува историска новина – светските…

ФИФА воведува нова традиција на Светското првенство.…

Овчата сипаница се шири низ истокот –…

Овчата сипаница се шири низ истокот, потврдени…

(Фото) Влен: Документот што ја потопува пропагандата…

„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против…