(Фото) Влен: Документот што ја потопува пропагандата на ДУИ за „српскиот свет“
„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет“. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи“, велат од Влен.
„Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на разговор било и „унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија“.

Овој документ открива уште една вистина: за време на годините на власт, ДУИ никогаш не го имаше албанското прашање како свој приоритет.
Ова е доказот што го руши целиот политички театар на ДУИ. Тие што денес најгласно зборуваат за „српскиот свет“, се токму тие што вчера седеа на маси на кои се разговараше за теми што немаа никаква врска со приоритетите на Албанците, а денес се обидуваат тоа да им го припишат на другите. ДУИ повеќе не може да ги прикрие своите гревови со прес-конференции и клевети. Документите не лажат. ВЛЕН не се занимава со пропаганда. Ние зборуваме со факти. А фактите денес ја разоткриваат ДУИ“, соопшти Влен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…
Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…
На предлог на гувернерот на Народната банка…
Приведен насилник: Ги тепал своите сопруга и…
На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко…
Јаневска: Наставниците во март 2027 година добиваат…
Нов раст на примањата ги очекува наставниците…