Крум Велков до дефетистите: ЏАБЕ ВИ Е “ЏАБЕТО”
ЏАБЕ ВИ Е “ЏАБЕТО”
Ги замолувам сите оние кои сметаат дека каква било активност, заложба, борба за Македонија била залудна, однапред изгубена, т.е. џабе, љубезно да се самоотстранат од мојот профил. Или, во најмала рака, да се воздржат од таков тип коментари на моите постови, бидејќи јас ќе ги отстранам.
Не се работи за забрана на поинакво мислење, туку за елиминирање на штетен менталитет, кој е наметнат со смртоносна долготрајна антимакедонска пропаганда, која поттикнува автошовинизам и самонегирање, разочарување и пасивност, со цел полесно разнебитување на нашата самобитност и опстој. Тој менталитет е алатка за демакедонизација.
Јасно е дека не сите кои од гнев се подложни на тој менталитет работат свесно на демакедонизација. Но работат несвесно и прават штети. Некои го користат како изговор за тоа што ништо не презеле во нивната себичност. Тие се жртви на истиот, кој ги претворил во флотантна маса.
Затоа, избегнувајте секаков вид самоомаловажување, погрдни називи за Македонија и Македонците итн. Она што и е најпотребно на Македонија сега е љубовна вибрација, афирмација, реална увереност и непокор. И многу рационалност, за да не правиме грешки во жарот на борбата. Таа пред се е психолошка и мора да се одвива на разни начини и на различни полиња, но мора да однегуваме и култура на таа борба.
Овде повеќе нема место за автодеструкција и автошовинизам (нека ги нема никаде повеќе), а на антимакедонските душмани и предавници, кои ги стимулираат кај вас, со тоа им покажуваме среден прст, на кој читко пишува: Џабе ви е “џабето”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…