Курти: Граѓаните на Косово и Албанија да имаат чувство дека живеат на исто место

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска од Форумот за регионален развој на Косово и Албанија во Ѓаковица изјави дека соработката меѓу Приштина и Тирана треба да се води од идејата да им се олесни животот на граѓаните, до чувството дека се живее во исто место.

На собирот на тема „Можности за регионална соработка меѓу Косово и Албанија“, организиран од Министерството за регионален развој, Курти во воведното излагање укажа на фактот дека конференцијата се одржува во Ѓаковица, точно еден ден пред 28 ноември.

„Севкупната соработка меѓу нашите две земји треба да се води од идејата да им го олесниме животот на граѓаните, до чувството дека живеат на исто место, со исти вредности, под исти закони и правила, без пречки и без промени кои ја отежнуваат или забавуваат нивната комуникација и секојдневните активности“, рече Курти, а соопшти и косовската влада.

Тој повтори дека владите на Косово и Албанија спроведоа 58 нови договори, речиси четири пати побрзо од сите претходни години, од вкупно 184 потпишани договори.

Тој додаде дека сите потпишани договори, како и договорите што се подготвуваат, го „корегираат изолационистичкото минато“ и отвораат нови можности за претприемачите, студентите и граѓаните, производителите и потрошувачите.

Како особено важен Курти го наведе договорот за воспоставување на железничката врска Приштина – Драч.

Според него, олеснувањето на трговијата, отстранувањето на трговските бариери и промовирањето на слободното движење на граѓаните се важни чекори кон заедничката економска интеграција, споменувајќи го отворањето на две косовски царински испостави, во Драч и Порто-Роман, преку кои Косово доби излез до морето.

„Таму се царинат сите стоки наменети за Косово, што директно им помага на компаниите кои благодарение на тоа веќе заштедиле девет милиони евра. А, според најновата евиденција, 30 отсто од стоката што доаѓа во Драч е наменета за Косово“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Косовски државјани уапсени во Македонија, криумчареле кафе,…

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Дачиќ: Има основано сомневање дека убиството на…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

Стерјовски: Македонците и седум други малцинства не…

Македонците во Албанија, заедно со претставници на…