Објавено на:

Лавров и Османи се поздравија со стиснати насмевки

t

Шефот на дипломатијата на Руската Федерација, Сергеј Лавров пристигна на 30. министерски совет на ОБСЕ. Во салата Борис Трајковски него го пречека претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, како домаќин на овој собир. Османи и Лавров си пружија рака, навидум ги стеснија вообичаените насмевки, и „скршија“ по некој збор. За тоа време стотици фото апарати и мобилни телефони ја овековечуваа оваа сцена, Лавров за првпат од почетокот на војната во Украина во посета на една европска, НАТО држава.

Инаку, снимката што одеше и на националниот телевизиски сервис покажа дека автомобилот мерцедес во кој се наоѓаше Лавров, беше воден и придружуван по булеварот Илинден од повеќе возила на полицијата и на обезбедувањето.

Лавров во Скопје допатува синоќа, некаде по завршувањето на вечерата во хотелот Александар Палас, како неформален почеток на состанокот на ОБСЕ.

Некако во исто време синоќа, од Скопје си замина Антони Блинкен, државниот секретар на САД, со што отпадна можноста за директна средба и можеби историски договор за некое важно светско прашање токму од Скопје.

За неговото доаѓање Македонија го отвори небото, на барање на Македонија го отворија и Бугарија, Грција и Турција, но Лавров сепак ја одбегна Бугарија и во Скопје дојде преку Турција и Грција, бидејќи владата во Софија не дозволи „прелет“ на портпаролката Марија Захарова.

Вчера министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за телевизија Телма изјави дека практично Лавров не доаѓа во Македонија, туку во ОБСЕ и дека тој на Лавров ќе му каже отворено дека ја осудујва инвазијата на Русија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…