Лавров и Османи се поздравија со стиснати насмевки
Шефот на дипломатијата на Руската Федерација, Сергеј Лавров пристигна на 30. министерски совет на ОБСЕ. Во салата Борис Трајковски него го пречека претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, како домаќин на овој собир. Османи и Лавров си пружија рака, навидум ги стеснија вообичаените насмевки, и „скршија“ по некој збор. За тоа време стотици фото апарати и мобилни телефони ја овековечуваа оваа сцена, Лавров за првпат од почетокот на војната во Украина во посета на една европска, НАТО држава.
Инаку, снимката што одеше и на националниот телевизиски сервис покажа дека автомобилот мерцедес во кој се наоѓаше Лавров, беше воден и придружуван по булеварот Илинден од повеќе возила на полицијата и на обезбедувањето.
Лавров во Скопје допатува синоќа, некаде по завршувањето на вечерата во хотелот Александар Палас, како неформален почеток на состанокот на ОБСЕ.
Некако во исто време синоќа, од Скопје си замина Антони Блинкен, државниот секретар на САД, со што отпадна можноста за директна средба и можеби историски договор за некое важно светско прашање токму од Скопје.
За неговото доаѓање Македонија го отвори небото, на барање на Македонија го отворија и Бугарија, Грција и Турција, но Лавров сепак ја одбегна Бугарија и во Скопје дојде преку Турција и Грција, бидејќи владата во Софија не дозволи „прелет“ на портпаролката Марија Захарова.
Вчера министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за телевизија Телма изјави дека практично Лавров не доаѓа во Македонија, туку во ОБСЕ и дека тој на Лавров ќе му каже отворено дека ја осудујва инвазијата на Русија врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…
Мисајловски: Продолжуваме со уште позасилено темпо да…
Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34…
Четврт смртен случај од западнониска треска, пациентот…
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба…
ЕРДОГАН ИМ ДАДЕ ПРИОРИТЕТ НА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ,…
Турција ќе формира ново државно тело кое…
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…