Лавров: Русија нема намера да ја нападне Украина, НАТО ја разгорува хистеријата

t

Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева.

– Русија никогаш не и се заканувала на Украина преку свои официјални претставници, рече тој. „Русија нема намера да ја нападне Украина“, додаде шефот на руската дипломатија.

Лавров, исто така, кажа и дека се надева дека „емоциите ќе стивнат“ по „искрените“ разговори со САД.

-Русија не исклучува дека целата хистерија што Западот ја крева околу Украина има за цел да ја прикрие политиката на Киев за саботирање на Минск-2“, рече Лавров.

„НАТО работи против Русија, па Москва се противи на проширување на блокот кон Исток“, кажа тој.

Шефот на руската дипломатија го повика Блинкен да го искористи своето влијание за да го „вразуми Киев“.

-Русија смета дека прашањето за Украина бара големо внимание, но тоа не може да се сведе на целата тема на европската безбедносна архитектура, рече Лавров.

Путин е секогаш подготвен за средби со Бајден, но тие средби мора да бидат добро подготвени, додаде првиот руски дипломат.

Разговорот со американскиот државен секретар, според него, бил „корисен и искрен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…