Лавров: Русија ќе претстави документи за случувањата во Буча

Русија ќе претстави „документи кои сведочат за вистинската природа на настанот“ во украинскиот град Буча, каде руските сили се обвинети за колеж над цивили, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Преку нашиот постојан претставник (во Обединетите нации) ќе организираме прес-конференција на која ќе ги претставиме документите за вистинската природа на настанот“, кажа Лавров.
Кремљ решително ги отфрла сите обвинувања во врска со тврдењата на Киев за откритие на голем број убиени цивили во Буча, во близина на Киев, по повлекувањето на руските трупи.
Лавров снимките ги нарече лажни, осудувајќи ја „пропагандно-дезинформациската кампања“.
Русија од 24 февруари води воена операција во Украина.
Руска и украинска комисија со недели преговараат за да постигнат договор и да го сопрат конфликтот.
Лавров во понеделникот оцени дека украинската страна од минатата недела покажува „повеќе чувство за реалноста“, кажувајќи дека „сè уште постојат шанси за договор“.
Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рускиот лидер Владимир Путин го нарече „воен злосторник“, рускиот министер за надворешни работи го осуди односот на американските лидери, порачувајќи им да се сетат на војните во Ирак и Либија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата утре ја напушта болницата
Папата Франциск утре треба да биде пуштен…
На Гренланд започна бојкот на американските производи
Граѓаните на Гренланд започнаа бојкот на американските…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
„Вие го запаливте пламенот спремете се за…
Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…
Доктор Нико Беќаровски со совети за детоксикација…
Професор доктор Нико Беќаровски од Клиниката за…