Објавено на:

Лавров: Русија ќе претстави документи за случувањата во Буча

t

Русија ќе претстави „документи кои сведочат за вистинската природа на настанот“ во украинскиот град Буча, каде руските сили се обвинети за колеж над цивили, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Преку нашиот постојан претставник (во Обединетите нации) ќе организираме прес-конференција на која ќе ги претставиме документите за вистинската природа на настанот“, кажа Лавров.

Кремљ решително ги отфрла сите обвинувања во врска со тврдењата на Киев за откритие на голем број убиени цивили во Буча, во близина на Киев, по повлекувањето на руските трупи.

Лавров снимките ги нарече лажни, осудувајќи ја „пропагандно-дезинформациската кампања“.

Русија од 24 февруари води воена операција во Украина.

Руска и украинска комисија со недели преговараат за да постигнат договор и да го сопрат конфликтот.

Лавров во понеделникот оцени дека украинската страна од минатата недела покажува „повеќе чувство за реалноста“, кажувајќи дека „сè уште постојат шанси за договор“.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рускиот лидер Владимир Путин го нарече „воен злосторник“, рускиот министер за надворешни работи го осуди односот на американските лидери, порачувајќи им да се сетат на војните во Ирак и Либија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…