Објавено на:

Лажен инспектор земал над сто илјади денари од кавадарчанка: Рекол дека внукот удрил дете мигрант

t

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант.  Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека се  работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.

Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаи редовно да ги пријавувааат во полиција, нагласија од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Штип: Масовна тепачка поради недоразбирање…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21),…

Кавадарчанка искасана од улични кучиња

На 29.11.2024 година во 21.10 час во…

Жена уценувала жител на тетовско, ѝ дал…

55-годишен жител на тетовско пријавил во полиција…

Избегната трагедија во Кавадарци – куче нападнало…

Вчераутро во Кавадарци е избегната голема трагедија,…

Пензионерка и 21-годишно момче се степале во…

„На 03.11.2024 во 16.00 часот во СВР…