Избегната трагедија во Кавадарци – куче нападнало шестгодишно дете, минувачи едвај го спасиле

t

Вчераутро во Кавадарци е избегната голема трагедија, откако куче, кое имало сопственик, нападнало шестгодишно дете кое се шетало со својата мајка. Разулавеното куче го оттргнале минувачи, а детето со тешки повреди е пренесено во болница, соопшти МВР.

„На 04.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 03.11.2024 на улица „Крсте Мисирков“ во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче сопственост на М.И.(51) од Кавадарци, кое било оттргнато од случајни минувачи. Детето било пренесено во Општата болница во Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, се вели во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…

Јасин Мустафа, дете од година и пол,…

Од утре нема плаќање во готовина во…

Од утре патниците во градскиот и приградскиот…

Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…

Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…

На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…