ЛЕВИЦА НА BRICS ФОРУМ ВО МОСКВА: МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ОТВОРИ КОН НОВИ ГОЛЕМИ ПАЗАРИ

t

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, потпретседателот м-р Реџеп Исмаил-Хактан и членот на Президиумот м-р Александар Симонов, во рамки на низата посети и средби во Москва, учествуваа и на форумот на BRICS, каде остварија средби и разговори со меѓународни претставници, посветени на перспективите за продлабочување на политичката и економската соработка.

На форумот, делегацијата од Левица оствари средби и со Сергеј Красилников, член на Президиумот на Бизнис-советот на Евроазиската економска унија, и Ана Соловиева, менаџер за билатерална соработка во Руската унија на производители и потрошувачи.

BRICS претставува еден од најзначајните центри на економско и геополитичко поврзување во современиот свет, обединувајќи држави со огромен производствен, технолошки, енергетски и трговски потенцијал. Во услови на забрзана трансформација на глобалната економија, оваа платформа отвора простор за нови меѓународни партнерства, инвестициски текови и пристап до големи пазари.

Во рамки на остварените средби, претставниците од Левица ја истакнаа можноста од отворање на Македонија кон новите глобални економски центри, диверзификација на надворешно-трговските односи и искористување на потенцијалот за соработка во индустријата, енергетиката, инфраструктурата, земјоделството и современите технологии.

Македонија мора да ги препознае можностите што ги носи новата меѓународна економска архитектура и да развива надворешна политика водена од сопствените национални и економски интереси.

За македонската економија проширувањето на меѓународните партнерства претставува можност за зголемување на извозот, зајакнување на домашното производство и отворање нови развојни перспективи.

Учеството на делегацијата од Левица на форумот е дел од заложбите за развивање меѓународни контакти и отворање простор за политички дијалог во услови на сè поизразен мултиполарен свет. Во време кога економската моќ и глобалното влијание се распределуваат меѓу повеќе центри, Македонија има интерес да ги проширува своите дипломатски и економски хоризонти, наместо да ги ограничува можностите за меѓународна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛЕВИЦА НА BRICS ФОРУМ ВО МОСКВА: МАКЕДОНИЈА…

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев,…

МВР со нови детали за случајот во…

Лишени од слобода се осум лица, а…

Саичиќ најави делегација на Студентската листа во…

Студентската листа во Србија планира по формирањето…

Бланар: Словачка е против какви било двојни…

-Ние не можеме да прифатиме дека во…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…