Левица: Со дозвола на Пецаков (не)познати изведувачи го окупираат охридското крајбрежје

t

Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници и натаму продолжува, а со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков, локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје. – велат од Левица.

Охридското езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога, а урбаната мафија продолжува да ужива во нивните можности за напредок на бизнисите и остварување на поголем капитал за време на летната сезона, а и инспекторите вклучени во организираната корупцијаат уживаат во комфорна зона во нивните удобни фотелји.

Земаме предвид дека секоја страна има своја верзија, сакаме да ја слушнеме и верзија и од надлежните институции, како овие овие моќници можат да узурпираат, а со тоа да остваруваат профити, а езерото да биде заробеник на интересите на поединци.

Пред неколку месеци Политичката партија Левица реагираше за градежни зафати на самиот езерески брег кај Канео за што и поднесе Иницијата за вршење вонреден инспекциски надзор. Од службата доби одговор дека се гради од „непознат сторител“. Овие денови сме сведоци дека и пред плажата пред Хотел Аквалина „непознати инвеститори“ го прошируваат брегот.

Бараме одговорност за градоначалникот Пецаков и инспекциските служби кои работат спротивно на Законот и препораките на УНЕСКО со што ја злоупотребуваат службената положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…