Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ од Левица оствари итна средба со УСС-УКИМ

t

По информацијата за само 2 583 студентски легла на располагање за оваа академска година во студентските домови во Скопје, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во Собранието на РМ оствари средба со претставници на Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Мециновиќ како член на Комисијата за образование, наука и спорт и млад пратеник, со претставниците на УСС дојдоа до заклучок за потребата од итни и суштински мерки со цел надминување на критичната состојба која им претстои на студентите – апликанти за легло во студентските домови во Скопје.

За таа цел, Левица повторно ќе предложи закон за регулација на кириите, односно дефинирање на горна граница на истите. Со овој чекор ќе се санира општествената димензија на проблемот кој ги тангира младите и студентите.

Дополнително, на средбата пратеникот и студентите одлучија да се иницира Анкетна расправа за состојбата со домовите изминатите години, а на која директорите и функционерите би дале отчет пред пратениците и студентите.

Пратеникот Мециновиќ ја искажа подготвеноста и отвореноста на Левица за преточување во законска материја на секоја идеја која студентските собранија ја имаат за санирање на проблемот.

Помладокот на Левица, Црвена младина, како и досега, ќе продолжи да ги следи условите и да се бори за повисок студентски стандард, хумани услови во студентските домови и достоинствени и непречени услови за образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…