Лекувањето во странство нѐ чинело пет милиони евра – Пациентите за кои нема лек дома најчесто одат во Турција

t

Намалување на бројот на барања за лекување во странство, ама и пад на бројот на испратени граѓани на лекување во странство регистрирал Фондот за здравствено осигурување на Македонија во текот на минатата година. Сепак, и покрај тоа што има помалку пациенти кои се поддржани за лекување во странство, средствата кои се исплатени за нивно лекување се поголеми во споредба со 2022 година за 10 милиони денари.

Согласно нивниот последен годишен извештај, доставен во Собранието, лани биле примени 307 барања за лекување во странство, за 40 помалку од 2022 година. Од нив, 243 биле пратени на лекување, што е за 21 пациент помалку од претходната година.

Од Фондот во извештајот појаснуваат дека осигурениците чии барања за лекување во странство биле одбиени од комисијата поради тоа што не биле исцрпени сите можности за лекување во здравствените установи во земајва.

Во извештајот се забележува дека најчести болести за кои се испратени сограѓани за лекување во странство се очните болести, па следува детска кардиохирургија, неврохирушки болести, па ОРЛ, детска хирургија, уролошки и хематолошки проблеми.

Најчеста дестинација каде се упатуваат пациентите налекување е Труција, каде се вршат неврохируршки интервенции, интервенции од областа на Клиниката Т.О.А.Р.И.Л.

Од друга страна кај пациенти со покомплексни заболувања најчести дестинации се западноевропските земји кои имаат пософстицирана технологија и високо ниво на стручност, неопходно за лекување.

Извештајот покажува дека лани за лекување во странство ФЗО исплаило 335.486.538 денари ИЛИ 5,5 милиони евра за вкупно 243 случаи. Притоа е потрошена поголема сума од 2022 година, кога за лекување во странство биле искористени 325.171.378 денари за 264 пациетни.

Просечно трошокот по пациент изнесувал 1.380.603 денари, додека во 2022 тоа било 1.231.710 денари, објави Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Ердоган смета дека НАТО не треба да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…