Летото може да започне: Од утре нова сезонска авио линија на релација Скопје-Измир

t

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври.

-Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути.

Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути.

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири активни пожари до 19 часот во…

Известување од Центарот за управување со кризи,…

Николај Милков: Нужно е да зборуваме со…

Со PM имаме шанса да ги решиме…

Теодоракис: Не е точно дека Грција е…

Изјавите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман…

Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…

„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…

Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…