Објавено на:

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи да ги поддржува мировните напори

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти турското претседателство.

Во разговорот, Ердоган изразил надеж дека преговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат, нагласувајќи дека Анкара и понатаму ќе ги поддржува напорите за постигнување мир.

Двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, војната во Газа, како и за одбранбениот договор меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан.

Ердоган го поздравил договорот, оценувајќи го како „силен став“ во корист на регионалната стабилност и безбедност.

Турскиот претседател, исто така, му посочил на Трамп дека израелските напади врз Палестинците се интензивирале токму во моментот кога требало да започне втората фаза од американскиот мировен план за Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…