Објавено на:

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби

t

Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби.

Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума.

Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби.

Израел повеќе пати е обвинуван дека употребил фосфорни бомби при напади врз населени места во јужен Либан.

Меѓународната невладина организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ кон крајот на март ја осуди незаконската употреба на муниција од бел фосфор за време на артилерискиот напад врз градот Џочмор, неколку дена по почетокот на израелската офанзива против Хезболах.

Меѓународното хуманитарно право строго ја забранува употребата на бел фосфор поради неговите запаливи својства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила…

Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави…

Бугарски пратеници со забранет влез се појавиле…

Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ („Вазраждане“)…

Ангелов: Синоќа беше подметнат пожар на пет…

Доцна синоќа на дваесетина километри од Кавадарци…

Поради пожари наредена евакуација на 60.000 луѓе…

Властите на американската држава Вашингтон издадоа наредба…

Што носи новата ЕУ регулатива за означување…

Дипфејкс, четботови и подкасти: Содржината од вештачка…