Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби.
Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума.
Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби.
Израел повеќе пати е обвинуван дека употребил фосфорни бомби при напади врз населени места во јужен Либан.
Меѓународната невладина организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ кон крајот на март ја осуди незаконската употреба на муниција од бел фосфор за време на артилерискиот напад врз градот Џочмор, неколку дена по почетокот на израелската офанзива против Хезболах.
Меѓународното хуманитарно право строго ја забранува употребата на бел фосфор поради неговите запаливи својства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…