Ангелов: Синоќа беше подметнат пожар на пет локации во кавадаречко, имаме осомничен
Доцна синоќа на дваесетина километри од Кавадарци бил подметнат пожар на пет локации и има осомничено лице за тоа, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Тој вели дека гаснењето било исклучително тешко, бидејќи опожарен бил стрмен терен.
„Градоначалникот Јанчев цела ноќ ја помина на терен со неговите пожарникари и некаде во раните утрински часови, пред 5 часот, успеаја истиот да го стават под целосна контрола и да го изгаснат. На лице место се останати пожарникари кои внимаваат да не дојде до негово повторно палење“,рече Ангелов.
Тој вели дека вработени во „Национални шуми“ го забележале осомничениот.
„Лицето побегнало од возилото, но е пронајдено подоцна и моментално кавадаречката полиција одржува разговор со него. Се надевам дека ќе бидат обезбедени доволно докази за осомничениот да биде изведен пред лицето на правдата“рече тој.
Инаку, од ДЗС информираат дека вчера имало триесетина пожари на отворено од кои поспецифични биле два истовремени во Гостивар, но и тие се изгаснати.
„И покрај нашите апели до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи очекувавме за Илинден поголема раздвиженост, но исто така беше и прв ловен ден имаше и доста ловци во природата, сепак се појавија триeсетина пожари на отворен простор, односно поголем број на луѓе ги предизвикаа овие пожари. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожари, пожарите беа изгаснати. Ги повикувам граѓаните да бидат исклучително внимателни бидејќи и денеска имаме голема раздвиженост на луѓе, празничен ден е. Доволно е само искра за да се предизвика пожар со катастрофални последици“рече Ангелов и напомена дека казните се високи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Летната потрошувачка на електрична енергија во Хрватска…
Потрошувачката на електрична енергија во Хрватска летово…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Злато и сребро за најмладите македонски кикбоксери…
Најмладите македонски кикбоксери забележаа одличен настап на…
ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…
ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…
Вишото ЈО го оживеа „Мазут“: Укината наредбата…
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство…