МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека е информирана оти во текот на неделата нуклеарната централа Запорожје, лоцирана во југоисточна Украина, а под руска контрола, била трипати нападната со беспилотни летала.
На 26 август дрон удрил во близина на базенот за ладење на централата, при што биле повредени двајца вработени. Еден ден подоцна, два беспилотни летала го погодиле објектот за суво складирање на потрошено нуклеарно гориво и дел од системот за ладење на енергетските единици.
МААЕ соопшти дека и покрај инцидентите, нивото на радијација во областа на нуклеарната централа Запорожје останало во нормални граници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МААЕ пријави три напади со беспилотни летала…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска…
Русите обвинува за уште еден украински напад…
Украина синоќа повторно нападна руски енергетски објекти,…
Украински дрон ја погоди нуклеарната централа „Запорожје“
Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“…
Дрон ја оштети нуклеарната централа Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вчера…
МААЕ: Започна поправката на далновод кај нуклеарната…
Поправката на клучен далновод во близина на…