Украински дрон ја погоди нуклеарната централа „Запорожје“
Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ соопшти дека украински борбен дрон-камиказа ја погодил нуклеарната централа „Запорожје“, која е најголема во Европа и моментално се наоѓа под руска контрола.
Според официјалното соопштение на првиот човек на „Росатом“, Алексеј Лихачов, нападот се случил попладнево и бил насочен директно кон енергетскиот блок број шест.
Направена материјална штета, клучната опрема е безбедна
Иако инцидентот предизвика загриженост, од руската компанија уверуваат дека нападот не предизвикал сериозни оштетувања на виталните системи на централата. Дронот удрил во ѕидот на машинската сала на шестата енергетска единица, по што уследила детонација која пробила дупка во самата конструкција. Експлозијата не предизвикала оштетувања на клучната опрема неопходна за безбедно функционирање на блокот.
Лихачов го оцени овој инцидент како „намерен“ и упати сериозно предупредување до меѓународната јавност.
„Се наоѓаме еден чекор поблиску до инцидент кој најверојатно ќе има влијание врз оние кои живеат далеку надвор од границите на Русија и Украина, а кои сè уште мислат дека се целосно безбедни“, изјави Лихачов.
Постојан ризик на линијата на фронтот
Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа „Запорожје“ во март 2022 година, на почетокот на војната во Украина. Објектот се наоѓа во непосредна близина на борбената линија на југоистокот од истоимениот украински регион.
Во текот на изминатите години од воениот конфликт, централата во повеќе наврати се најде под оган од артилерија и дронови, што постојано предизвикува стравувања на глобално ниво од можна нуклеарна катастрофа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…