Мадуро бара американскиот суд да го отфрли обвинението: „Имам апсолутен имунитет“
Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро побара од федералниот суд во Њујорк да го отфрли обвинението против него, тврдејќи дека како шеф на странска држава ужива апсолутен имунитет од кривично гонење.
Во поднесок од 60 страници, неговите адвокати Бери Полак и Ана Естевао го оспоруваат процесот и тврдат дека гонењето го нарушува долгогодишниот принцип на имунитет на шефовите на држави и странските функционери за дејствувања во рамките на нивните службени овластувања.
Мадуро е обвинет во САД за наркотероризам и трговија со дрога, а неговата одбрана тврди дека процесот има политичка заднина. Според адвокатите, за да ужива имунитет, не е неопходно САД формално да го признаваат Мадуро како легитимен претседател на Венецуела.
„За целите на имунитетот, доволно е г-дин Мадуро да ги користи овластувањата на венецуелското претседателство како, барем, де факто шеф на државата“, се наведува во поднесокот.
Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа изведени од Венецуела во јануари, по операција на американските сили. Двајцата се соочуваат со обвиненија во САД, при што Флорес е обвинета за трговија со дрога.
При првото појавување пред судот, Мадуро се изјасни за невин и се опиша себеси како „киднапиран претседател, воен заробеник“.
Одбраната дополнително се повикува на минатогодишната одлука на Врховниот суд на САД за претседателскиот имунитет. Адвокатите тврдат дека судот треба да утврди дали дејствувањата на Мадуро биле службени акти, без притоа да ја разгледува нивната законитост.
Почетокот на судењето на Мадуро и Флорес е планиран за летото следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мадуро бара американскиот суд да го отфрли…
Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро побара од…
Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста…
Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров,…
(Видео) Телото на Ратко Младиќ пречекано со…
Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ ќе биде…
Зеленски ги очекува пратениците на Трамп во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Санчез: Нема докази дека Мароко бил вмешан…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Парлментот…