Зеленски ги очекува пратениците на Трамп во Киев за да ги оживеат мировните преговори
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти во наредните денови во Киев ќе ги пречека пратениците на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се оживеат напорите за ставање крај на руската инвазија.
Дипломатскиот притисок за завршување на војната забави во последните месеци, бидејќи Соединетите Држави го насочија своето внимание кон конфликтот со Иран.
Во своето вечерно обраќање, Зеленски посочи дека ги очекува пратениците на Трамп во украинскиот главен град и дека нивната посета е потврдена.
„Тие ќе одржат средби во Москва и во Киев. Очекуваме средба во наредните денови“, додаде тој.
Специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, се ангажирани во шатл-дипломатија меѓу Русија и Украина и постојано патуваат во Москва, иако сè уште го немаат посетено Киев.
Украинскиот лидер соопшти дека се одредени прелиминарни датуми за нивната прва посета на Киев – град кој во текот на изминатата недела беше цел на засилени руски напади со беспилотни летала и ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…