Македонија ги почнува и завршува битките во ЛН – против Фарски Острови!
Ден по ждрепката, познат е и распоредот на натпреварите во Лигата на нации која ќе се игра во вториот дел од 2024 година.
Македонската репрезентација е во групата Ц4, а за противници ги доби Ерменија, Фарски Острови и Летонија. Првиот натпревар го играме на Фарски Острови, на 7 септември од 15 часот, а во септемврискиот „прозорец“ за противник ќе ја имаме и Ерменија, на домашен терен, три дена подоцна.
Во октомври, Македонија има два меча на гостински терен, против Летонија и Ерменија, а Лигата на нации ја завршува со два натпревара дома, со Летонија и Фарски Острови во ноември. Ако нема изненадувања, тие два меча би одлучувале за пласманот на табелата, односно кој ќе ги освои првите две места на табелата во групата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
07.09.2024 Фарски Острови – Македонија
10.09.2024 Македонија – Ерменија
10.10.2024 Летонија – Македонија
13.10.2024 Ерменија – Македонија
14.11.2024 Македонија – Летонија
17.11.2024 Македонија – Фарски Острови
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…