Македонија домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Македонија оваа година ќе биде домаќин на Годишната конференција за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансат, информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана.
Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуствата и научените лекции за моменталните и идните предизвици во областа на стратешките комуникации
„Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата, која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации“, пишува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека на Конференцијата што ќе се одржи наесен, во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратешки комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.
Според соопштеното, Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуствата и научените лекции за моменталните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации.
„За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации“, се нагласува во ова соопштение.
„Министерството за одбрана ја доби довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје уште во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Во 2020 и во 2021 година, Конференцијата се одржа со видео-конференциска врска“, се додава во соопштението од Министерството за одбрана на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забегано: НАТО лобист го повика НАТО повторно…
НАТО лобистот и провокатор Гунтер Фелингер со…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Најантимакедонската партија во Бугарија протестира против НАТО…
Бугарската полиција денеска се судри со приврзаниците…
(Видео) Крмов: Левица е против НАТО, даваме…
Пред да влеземе во НАТО имавме посилна…
Москва: Воените вежби на НАТО се подготовка…
Планираните воени вежби на НАТО во 2024…