Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC

t

Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина.

Армијата на Република Македонија во HELBROC ќе учествува со еден лесен пешадиски вод од најмногу 43 лица во состав на Првата воздушна мобилна чета (Airmobile), заменик-командир на четата и подофицер за операции во штабот на HELBROC.

Oваа вест ја соопшти пред новопримените професионални војници во касарната во Велес, министерката Радмила Шекеринска рече дека учеството во HELBROC го истакнува придонесот на Армијата за евроинтегративниот процес на Република Македонија. „Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за нашиот втор стратешки приоритет – членството во ЕУ. Владата потврди дека Северна Македонија ќе се приклучи на мултинационалната ЕУ борбена група HELBROC. Со ова покажуваме дека нашите амбиции не завршија со членството во НАТО, туку се зголемија и ќе бидеме аргумент плус и за нашето членство во ЕУ”, рече Шекеринска.

Мисиите во кои може да биде вклучена HELBROC се операции за поддршка на мир, раздвојување на завојувани страни, стабилизација, реконструкција и воено советување на трети земји, превенција на конфликти и операции за евакуација и асистенција на хуманитарни операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Србија сама треба да одлучи какви…

На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку…

НАТО ја презеде од САД координацијата на…

НАТО ја презеде координацијата за западната воена…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…

ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…

Организацијата за безбедност и соработка во Европа…

Трамп: Ако членките ни плаќаат и бидат…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави под…