Објавено на:

Нова провокативна изјава на Медведев: Русија да се осигура дека и Украина и НАТО ќе исчезнат

t

Русија треба да направи се за да се осигура дека патот на Киев кон НАТО ќе заврши или со исчезнување на Украина или со исчезнување на Алијансата, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
На Телеграм, тој ја цитираше декларацијата на НАТО од Вашингтон во која членките на Алијансата ветуваат дека ќе ја поддржат Украина „на неповратниот пат кон целосна евроатланска интеграција, вклучително и членство во НАТО“.
„Заклучокот е очигледен. Мораме да направиме се „неповратниот пат на Украина“ кон НАТО да заврши или со исчезнувањето на Украина или со исчезнувањето на НАТО. И најдоброто од двете“, заклучи Медведев.

Во Вашингтон се одржа самит на НАТО по повод 75-годишнината од основањето на Алијансата. Во завршната декларација се наведува дека Русија останува најголема закана за НАТО, а документот содржи клаузула за „иднината на Украина во НАТО“ и најавува поинтегриран статус на оваа земја во Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…