Македонската армија на 114 место од 145 земји по моќност за 2026 година, бележиме пад од 2 места во однос на минатата година

t

Армијата на Македонија се најде на 114 место од 145 земји според моќноста. Со ова, бележи пад од две места во однос на 2025 година, кога нашата армија беше на 112 место. Според листата на Global Firepower, македонската армија е во друштво на Гана, Јужен Судан, Доминиканската Република, Никарагва и Република Конго.

Во регионот, заостануваме зад речиси сите. Најдобро рангирана е грчката армија, која е на 30 место. Потоа, следуваат армијата Бугарија на 62 место, српската армија на 63 место, хрватската на 73 место и армијата на Албанија на 77 место. Зад нашата се армијата на Црна Гора на 128 место и косовската армија, која е на 138 место.

Global Firepower при анлизирањето на воената сила користи повеќе од 60 различни критериуми. Рангирањето не се темели само на бројот на војници или на висината на буџетот за одбраната, туку на вкупната способност на земјите да проектираат, одржуваат и користат воена моќ.

Вклучени се и фактори како бројот на активно и резервно воен персонал, разновидноста и количината на воената опрема како тенкови, борбени авиони и воени бродови – логистичките и индустриските капацитети, инфраструктурата, како и географските и стратешките предности или органичувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обука на специјална единица на Армијата на…

СВР Охрид ја известува јавноста дека, од…

Петровска: Расте буџетот за одбрана, а платите…

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка…

Армијата на Венецуела ја призна Делси Родригез…

Вооружените сили на Венецуела ја признаа потпретседателката…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…

Бугарија ги заменува системите за противвоздушна одбрана

На 7 октомври беше потпишан дополнителен договор…