Петровска: Расте буџетот за одбрана, а платите во Армијата стагнираат – реален или фиктивен раст?

t

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска реагира на најавите на министерот за одбрана Владо Мисајловски во врска со Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека зад фалбите за „историски најголем“ буџет се кријат сериозни прашања.

„При носењето на Буџетот за 2026 година, министерот Мисајловски се пофали дека буџетот за одбраната расте и дека е историски најголем. Но денес чув изјава од репрезентативниот синдикат дека веќе две години нема зголемување на платите на припадниците на Армијата, а дека од министерот добиле одговор оти зголемување нема да има“, наведува Петровска.

Таа прашува дали растот на буџетот е реален или само фиктивен. Според неа, доколку буџетот навистина расте, тогаш паралелно со средствата за модернизација и инвестиции мора да се подобрува и стандардот на припадниците на Армијата и вработените во одбраната.

„Нема силна држава без силна одбрана, а нема силна одбрана без задоволни и мотивирани припадници“, истакнува Петровска, додавајќи дека кога си на власт, мора да се нудат решенија, а не изговори.

Во постскриптумот од нејзината објава, Петровска посочува дека веќе две години чека министерот за одбрана да одговори на нејзиниот повик за ТВ дуел. „Да одговориме на многу прашања, а богами и да разобличам многу лаги кои тој ги шири“, порачува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

„Нашата армија има потенцијал да стане една…

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

Началникот на иранската армија: „Доколку непријателот започне…

Началникот на иранската армија, Абдолрахим Хатами, му…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…