Објавено на:

Македонската берза ја стави Алта банка на својата листа за набљудување

t

Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила Алта банка АД Битола на својата листа за набљудување по последните случувања. Одлуката е донесена од страна на Одборот на директори на Берзата.

Како што информираат оттаму, одлуката е донесена согласно членот 61-а од Правилата за котација, а целта е да се привлече вниманието на инвеститорската јавност кон состојбата со банката. Потегот следува по последната одлука на Народната банка на Македонија, со која во Алта банка е воведена привремена администрација.

Народната банка воведува привремена администрација во Алта банка Битола до промената на нејзината сопственост
Народната банка на Србија во саботата објави дека на Алта банка АД Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка АД Битола, ѝ е одземена лиценцата за работа поради значително влошување на финансиската состојба и ризикот од дополнително влошување на ликвидноста.

Поради сопственичката поврзаност, Народната банка на Македонија донесе одлука за воведување привремена администрација во Алта банка АД Битола, како и ограничувања за нејзините корисници.

Па така, физичките лица имаат неделен лимит од 10 000 денари за готовински подигања и плаќања со картичка, а внатрешните трансфери кон други физички и правни лица во рамките на банката остануваат неограничени. Правните лица можат да вршат неограничени внатрешни трансфери во рамките на банката, но не можат да префрлаат средства во други банки, ниту да повлекуваат готовина од банкомати или шалтери. Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат своите обврски кон банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската берза ја стави Алта банка на…

Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…

Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…

Драма на летот за Софија: Дојава за…

Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…

АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…

Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…