Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата одредени овластувања за мировните преговори со Вашингтон
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, ѝ дал на владата „одредени овластувања“ во врска со мировните преговори со Вашингтон, објавија иранските државни медиуми.
Пезешкијан рече дека Техеран сака да го реши конфликтот со САД преку дијалог, со поддршка и согласност од врховниот лидер, објави „Иран Интернешенл“.
Иранскиот врховен лидер претходно ѝ нареди на иранската војска ефикасно да одговори на сите закани, истакнувајќи дека одговорот не треба да биде ограничен според географската област.
Тој исто така наложи и ажурирање на списокот на цели за сите американски материјални и нематеријални средства да бидат во домет на иранските вооружени сили.
„Се обидуваме да го решиме проблемот, односно конфликтот со САД, преку преговори. Врховниот водач на револуцијата ѝ даде на владата соодветни овластувања во врска со тоа прашање“, рече Пезешкијан, објави неговата прес-служба.
САД и Израел на 28 февруари започнаа напади врз цели во Иран, на што Техеран одговори со свои напади.
Кон средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за прекин на непријателствата, но подоцна повторно разменија напади, а конфликтот до ден-денес не е решен.
Техеран претходно објави дека му понудил на Вашингтон план од седум услови, што предвидува можност за отворање на Ормуската Теснина во замена за укинување на поморската блокада и ограничувањата за извоз на иранска нафта.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го отфрли овој предлог.
Потоа иранското Министерство за надворешни работи објави дека го добило одговорот на САД за предложениот план и дека, преку Катар, ја пренело својата проценка за тој одговор до Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…
Драма на летот за Софија: Дојава за…
Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
Пожар во куќа во Карпош
Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…