Македонскиот атлетичар Стојоски освои прво место на регионалниот митинг во Будимпешта
Нашиот атлетичар настапи на регионалниот митинг во Будимпешта, Унгарија, во дисциплината 400 метри.
Во конкуренција на 50 натпреварувачи Стојоски го освои првото место со време од 47,69 секунди што е негов најдобар резултат во сезоната.
Целата трка и освоеното прво место во унгарскиот главен град можете да ја погледнете на видео записот.
На крајот од декември минатата година стартуваше зимската сезона, како што изјави Стојоски за веб порталот на „Слободен печат“, фокусот ќе му биде Европското првенство во сала за сениори во Истанбул кое ќе се одржи од 2 до 5 март 2023 година, а воедно ќе атакува на државен рекорд кој тој го држи во сала на 400 метри (47,18 секунди).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…
ЦУК побарал од Градот и од Општината…
Иако поминаа само неколку денови од последната…
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…