Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита, сертификација и промоција

t

Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини в понеделник, 21 септември, ќе ги соопшти натамошните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин. Ќе бидат презентирани досегашните, но и идните конкретни чекори за воспоставување на системот за заштита и препознатливост на македонскиот рубин – од утврдување и документирање на потеклото, преку сертификација и воспоставување јасни критериуми, до создавање механизми за негова автентична промоција.

Посебен фокус ќе биде ставен на активностите за негово меѓународно промовирање.

Како што велат од Министерството, ова ќе биде можност јавноста и медиумите директно да се информираат што е досега направено, што следува и како ќе се одвива целиот процес во наредниот период.

На настанот ќе присуствуваат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членовите на новоформираната Комисија за македонскиот рубин, како и претставници на Геолошкиот завод, Заводот за индустриска сопственост, Министерството и другите институции и чинители вклучени во процесот.

Министерката Божиновска во јуни годинава соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцен камен.

Формирана е Комисија за македонскиот рубин која ќе работи на воспоставување систем за сертификација, следливост и заштита на неговото потекло, како следен чекор по институционалното признавањ

Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на…

Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини…

Ле Пен со драматично предупредување: Годинава може…

Француската политичарка Марин Ле Пен излезе со…

250 илјади евра грант од Шпанија за…

Министерството за образование и наука доби грант…

Британија ги подготвува граѓаните за криза? Правете…

Британските власти сакаат граѓаните да бидат многу…

(Видео) Вознемирувачко видео од Пробиштип: Намерно залетан…

Вознемирувачка снимка од Пробиштип е споделена на…