250 илјади евра грант од Шпанија за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

t

Министерството за образование и наука доби грант од 250 илјади евра од Шпанија, средства што ќе бидат вклучени во финансиската конструкција за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека добиената финансиска поддршка ќе придонесе за побрзо започнување и завршување на проектот.

Договорот за грантот денеска е потпишан со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз и со вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) за целни земји, Томаш Бочек.

Јаневска упати благодарност до шпанската страна и до ЦЕБ за поддршката и соработката во унапредувањето на образовната инфраструктура.

Според министерката, подобрувањето на инфраструктурата е значаен услов за обезбедување поквалитетно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…