Македонските пилоти блеснаа во БиХ: Ивановски најдобри екипно, Давидовиќ прв поединечно

t

Македонските пилоти забележаа голем успех на меѓународниот натпревар со едрилици „Бланик куп“ во Босна и Херцеговина, каде што Раде и Марјан Ивановски од Штип го освоија првото место во екипна конкуренција.

Таткото и синот Ивановски настапуваа за воздухопловниот клуб „Римин ер“, а до победата стигнаа во конкуренција на триесет искусни натпреварувачи од регионот и Европа.

Раде и Марјан со години се занимаваат со воздухопловство и спортско летање, а своето искуство го градат и на спортскиот аеродром Сушево кај Штип.

Македонија забележа одличен резултат и во поединечната конкуренција.

Кумановецот Ненад Давидовиќ го освои првото место на Отвореното првенство, со што македонските пилоти се најдоа на врвот и во екипното и во индивидуалното натпреварување.

Успехот на Ивановски и Давидовиќ претставува уште еден значаен резултат за македонското спортско воздухопловство на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп и Маск го отвораат паричникот: Десетици…

Политичките групи поврзани со претседателот на Соединетите…

Успешно е извршена тешка операција на срцето…

Успешна сложена кардиохируршка интервенција е извршена кај…

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник…

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ…

Мелони го поздрави успехот Алтернатива за Германија

Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)…

Затвор до 10 години за величење воени…

Црна Гора би можела да воведе затворска…