Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите сили против големиот оган
Голем пожар избувна доцна попладнево во близина на Бит-пазар, а според информациите на „Прес24“, гори објект во кој се сместени повеќе магацини.
Од ЦУК известија дека пожарот го гасат пожарникари со шест возила.
„РЦУК – Скопје известува дека кај Бит Пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенираат со 6 противпожарни возила. Поради зафатеноста на пожарникарите подетални информации ќе добиеме подоцна“, велат од ЦУК.
Засега нема информации дека во големиот пожар има повредени луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите…
Голем пожар избувна доцна попладнево во близина…
Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета…
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…