Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“
Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан претворил во „база за дрога“.
-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, стои во полициското соопштение.
За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони, за кои постои сомневање дека се користеле во нелегалната активност.
Во акцијата уапсени се и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои исто така пред судот во Валона ќе одговараат за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и…
Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила…
Кривична пријава за бесправно градење и узурпација…
Кривична пријава е поднесена за бесправно градење…
Фидан: Турција би учествувала во операциите за…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…
Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно…
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта…
Полицаец и доставувач земале пари за да…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…