Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени за „Експо 2027“

t

Околу 100 македонски компании се пријавиле за учество на „Експо 2027“, што ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година во Белград. Од Македонија досега се пријавиле и околу 1.000 волонтери.

Македонскиот павилјон ќе се простира на 660 квадратни метри, а за неговото претставување е обезбеден буџет од околу еден милион евра, информираше Александар Велиновски, комесар за македонскиот павилјон.

„Има компании од сите дејности – туризам, производство, козметика, стоматолошки услуги… Сојузот на стопански комори, со кого соработуваме, ќе им даде логистичка поддршка за тоа како најдобро да се претстават. Нашиот буџет за оваа манифестација е околу еден милион евра, од кои најмногу ќе се потрошат за павилјонот што треба да биде готов до крајот на годината. Пари има и за промоција“, рече Велиновски.

Темата на македонскиот павилјон ќе биде „Сите ритми на сонцето“, а посебен акцент ќе биде ставен на туризмот, виното и храната.

„Посебен акцент има туризмот, виното и храната и токму сонцето што ги прави поинакви кај нас“, рече Велиновски.

Според директорот на „Експо 2027“, Данило Јериниќ, на манифестацијата се очекува учество на околу 140 земји и четири милиони посетители, од кои приближно 1,2 милиони од странство.

Темата на саемот е „Играј за човештвото – спорт и музика за сите“, а во текот на трите месеци се предвидени околу 8.000 културни, спортски и музички настани.

На „Експо“ се очекуваат и околу 20.000 волонтери. Од Македонија досега се пријавиле околу 1.000 млади луѓе, кои ќе имаат можност да се запознаат и да разменуваат искуства со волонтери од различни делови на светот.

„Младите луѓе ќе може да разговараат меѓу себе, да споделуваат искуства. Ќе може да се запознаат со оние од Кина, Австралија, Саудиска Арабија. Тоа е наследството што ќе го оставиме за идни контакти и пријателства“, рече Јериниќ.

Проектот „Експо 2027“ ја чини Србија околу 1,29 милијарди евра, а според проценките на организаторите, до 2037 година би можел да генерира околу 9,07 милијарди евра нова вредност за српската економија.

По завршувањето на манифестацијата, дел од објектите ќе продолжат да се користат како саемски, концертни и бизнис-простори, додека дел од модуларните конструкции ќе бидат распределени во други градови низ Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…

Околу 100 македонски компании се пријавиле за…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени…

Речиси 200 наставници од 80 средни училишта…

Македонци во Грција добиваат полициски повици за…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…

Петрова-Чамова по средбата со Муцунски: Најдобрата гаранција…

Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија,…