Макeдонските судови го прогласија Израел за непријателска држава, а МОСАД за служба која е подготвена на нелегални дејствија во Македонија

t

Кривичниот совет кој вчера по дисциплинирањето од Маричиќ, донесе одлука за ново решение за притвор на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, го прогласи Израел за непријателска држава, а регионалните разузнавачки служби за анти-државни елементи кои се подготвени за извршување на кривично дело.

Во решението потпишано од судијката Васка Николовска Масевска, со кое на Сашо Мијалков вчера му беше определен нов притвор, а во врска со случајот „Плацеви на Водно“, заедно со судиите Иван Џолев и Ненад Савевски ја прогласија Израелска држава за непријателска држава која наводно била подготвена да организира бегство на екс-директорот на УБК.

Судиите претпоставиле дека поради долгогодишното директорување со Управата за Безбедност и Контраразузнавање, Мијалков имал стекнато „сериозни врски“ со разузнавачки служби од регионот но и од Израел, кој би му помогнале да избега од државата.

– Обвинетиот Сашо Мијалков во еден подолг временски период почнувајќи од втората половина на 2006 година па се до јуни 2015 година ја извршувал функцијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, преку која функција создал блиски врски со поголем број на лица вработени во разузнавачки и контраразузнавачки служби во регионот, но и со разузнавачки служби на Израел, се вели во образложението на решението за определување на мерка притвор на Мијалков, потпишано од судиите Иван Џолев, Васка Николовска Масевска и Ненад Савевски.

Понатаму во образложението се дообјаснува дека врските кои ги имал Мијалков во разузнавачките служби во Израел, ќе му помогнеле да побегне од Македонија, на тој начин недвосмислено прогласувајќи ја Израелската држава за фактор на нестабилност на земјава.

– Ваквите познанства му овозможувале реално да побегне од државата без патна исправа во секое време, особено имајќи го во предвид и фактот дека обвинетиот како поранешен директор на УБК се уште имал огромно влијание, се дообјаснуваат судиите.

Ваквото скандалозно тврдење на Џолев, Масевска и Савевски во најмала рака е произволно и опасно, особено поради фактот што Израел важи за една од најголемите земји пријатели на Македонија, па свесно или не се нарушува овој однос. Дополнително, судиите за ваквите тврдења немаат ниту еден материјален доказ, ниту пак разузнавачки извештај кој го приложиле кон одлуката, па неосновано и без докази прогласиле регионални служби и Израелските служби за непријателски.

Дополнително вознемирува и информацијата, која се уште не е потврдена, според која во текот на вчерашниот ден Мијалков иако ослободен од притвор со решение на Апелацискиот суд, бил противправно држен во притвор цели девет часа, што пак упатува на сомнежот дека во надлежните служби веќе знаеле дека ќе биде донесена нова одлука за притвор – овој сомнеж го потврди и одбраната на Мијалков.

Според неофициајлни информации, министерот Бојан Маричиќ пак, освен јавното дисциплинирање на судиите во текот на вчерашниот ден вршел и директни, телефонски притисоци врз Џолев и другите судии од Кривичниот совет со насоки итно да се состанат и да донесат ваква одлука.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски авиони ја нападнаа Сирија! Има загинати!

Четворица војници загинале, а еден е ранет…

Трети страни во конфликтот? Израел уништи база…

Израел го нападна ја уништи базата Димас…

Зеленски шокиран од Израел: Не ни обезбедија…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави…

“Хамас” денеска погуби петмина Палестинци поради соработка…

Вооруженото исламистичко движење "Хамас" утринава соопшти дека…

Шолц го осудува секој обид за негирање…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска му рече…