Објавено на:

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни непријателски напади пред парламентарните избори

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат индикации дека „непријателите“ би можеле да се обидат да извршат напад врз Израел во пресрет на изборите закажани за 27 октомври, пренесува Тајмс оф Израел.

Во видеообраќање снимено за време на неговата посета на воздухопловната база Тел Ноф, Нетанјаху испрати порака до потенцијалните противници на Израел.

„Имаме индикации дека во пресрет на изборите нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“, изјави Нетанјаху.

Тој посочи дека од базата, која ја опиша како „испружена рака на Израел“, сака да испрати јасна порака.

„Не си играјте со нас – ниту сега, ниту кога било. Нашата испружена рака ќе ве стигне каде било и кога било“, порача тој.

Нетанјаху не навел на кого конкретно се однесува предупредувањето, ниту изнел дополнителни детали за наводните индикации за можен напад.

Нетанјаху, кој во пресрет на изборите почна предвреме да ги објавува вестите за нападите на ИДФ врз важни цели, исто така се фали дека во последните недели во Газа биле убиени повеќе од 100 терористи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…