Објавено на:

 Масовно труење на мачки и домашно куче во скопско Козле, полицијата не реагира, трујачите не престануваат

t

Загрижени граѓани од скопската населба Козле алармираат дека во населбата некој од жителите масовно отрул повеќе од 10 мачки, а жртва на труење е и 5 годишно куче од расата белгиска малионоа кое било домашен миленик.

За труењето на мачките активисктата Сузана Миленкоска која со години од свои пари ги стерилизира и кастрира уличните мачки има и потврда од ветеринар во која докторот констатирал труење со отров на 3 мачки.

“На 29.03 исчезна првата стерилизирана мачка за која се грижам векје 12 години. Ај си реков стара е. После два дена не се појавија уште три мачки во напуштен двор, легнати, отруени. Ми стана јасно во тој момент што се случува. Тоа беше на 02.04. Пробав да ги фатам да им помогнам меѓутоа бегаа. Едната почна да се тетерави, да се превртува. Една од нив дојде сама кај мене за помош, ја однесов на ветеринар во Капиштец меѓутоа умре вечерта после терапијата. Тоа беше на 08.04. Следно исчезнаа уште две мачки. Едната ми падна пред нозе барајки помош на 16.04. И неа ја однесов на ветеринар. Морав да потпишам еутаназија за 4 години стара стерилизирана мачка. Не можам да ви го опишам ужасот кој го доживувам веќе секој ден. Секој ден закопувам по едно. Сите се отруени на улица Пијанец кај трафото. Едно заедничко им е дека сите што отидоа кај трафото се отруени“, изјави Миленкоска за Локално.

Таа случајот го пријавила и во општината и во Агнецијата за храна и ветеринарство, а и во полиција. Редакцијата на Локално има увид во пријавите.

Од Општина карпош за Локално изјавија дека надлежен испектор бил на локацијата, но во мометот кога е извршен увидот немало отров.

Полицијата не реагирала иако Миленкоска се сомнева на неколку лица од соседството.

“Бев во полиција, однесов документи, но ме откачија. Немало докази дека е некој, не можеле во двор да им влезат. Крвни деликти не постапува зошто не се на мое име мачките иако трујачот го крши законот и убива животни. Никому ништо, со сите документи и потврда од ветеринар го затворија случајот, а овој продолжува да труе. Отру уште три откако пријавив. Немоќна сум да им помогнам, продолжува да ги труе“, раскажа Миленкоска.

За хоророт да биде уште поголем, викендов во истата населба беше отруено и кучето Арон. Неговата сопственичка, се уште во шок, за Локално раскажа дека кучето умирало во страшни маки.

„За ланското труење имаме и извештај од ветеринар. Тогаш Арон за среќа преживеа, но имаше доживотни последици. Добиваше епилептични напади како резултат на труењето“, рече Стојчевиќ.

Полицијата вчера не реагираше ни по нејзината пријава и не зеде мостри за токсиколошко испитување од крвавите траги во дворот каде што угина Арон. А, додека трујачот не е идентификуван Стојчевиќ стравува за животот и на другите две миленичиња затоа што денес во нејзиниот двор нашла бел прав за кој се сомнева дека е отров.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

 Масовно труење на мачки и домашно куче…

Загрижени граѓани од скопската населба Козле алармираат…

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…

Распаднати тела од кучиња и друг отпад…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување…

Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица…