Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар

t

Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандарди кои им ги продавате на граѓаните, ваков ли е хуманиот третман на кучињата во ЈП Лана?

На територија кај село Сачево каде наводно хумано се третираат кучиња од 5 општини: Струмица, Демир Капија, Ѓевгелија, Велес, Валандово ; на локација која е тешко пристапна, скриена од сите , покрај моралната катастрофа – за убиство на животни чија благосостојба треба да е гарантирана со закон- се случува еколошка катастрофа опасна по сите жители во реонот Доброшинци каде ЈП Лана ги носи мртвите лешеви, дувло на болести и зарази.

Прашуваме, ова ли се вдомените кучиња од ЈП Лана, кои како такви фигурираат во некви си смешни извештаи на претпријатието, како бројки?

Бараме итно постапување од Агенцијата за храна и ветеринарство , темелна истрага и затворање на стацинарот се додека не се овозможат сите услови за хуман третман на животните, обезбеди задолжителен влез на струмичките активисти, казнат општините и сите одговорни и инволвирани за убивањето на животните, градоначалниците на општините кои ги наведовме во кои гледаме наредбодавци.

Бараме итен инспекциски надзор Министерството за животна средина, Државниот испекторат за животна средина , наодите да се соопштат јавно, а сторителите казнат

Животните се безгласни жртви на овој воспоставен/ уигран систем и ќе бидат се додека се молчи! Го поддржуваме протестот на струмичките активисти Animal Lovers – Strumica , а сите засегнати хумани граѓани ги повикуваме на протест.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Алиу: Болницата во Струмица е дел од…

Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…