Махачев мамел против нашиот Волкановски? Забележана мистериозна рана на неговата рака!
Ислам Махачев (31), шампионот во УФЦ во лесна категорија, минатиот викенд го победи австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски, што беше негова прва одбрана на појасот. Тој славеше со едногласна одлука на судиите, а навивачите одлуката ја сметаат за сомнителна бидејќи според Волкановски му нанесе тешки удари на противникот, кои беа видливи на неговото лице.
По борбата се случи нова полемика кога познатиот новозеландски борец Ден Хукер го обвини Махачев дека мамел во саботата.
Тој, како што наведува Хукер, најмил медицинска сестра која му дала инфузија за побрзо да се опорави од слабеењето, што е забрането според протоколите на УФЦ.
Еден твитерџија објави фотографија пред борбата, на која се гледа како Махачев има зарасната рана на раката, токму на местото каде што е поставена канилата за примање на инфузијата. Споменатиот твитер токму тоа го прашал Ризван Магомедов, менаџерот на Дагестанецот.
Магомедов одговорил дека е задолжителен тест на крвта, по наредна од австралиската ММА комисија. Сето ова се случило во средата пред борбата, а таа верзија на приказната можела да ја потврди и медицинската сестра која ја споменува Хукер, појаснил Магомедов.
Mandatory blood test by AUS commission, Wednesday morning right before media and photo shoot.
Ask hooker find the nurse with commission, she can confirm https://t.co/Vm3uZMR2zH— Rizvan Magomedov (@Rizvan_RM) February 14, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…
ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН
По повеќемесечната војна и серијата напади низ…
„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…
Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…
Нов Зеланд испрати два воени брода низ…
Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…
ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…
Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…