Машка борба, но пораз од Хрватска на контролата во Пореч
Македонската машка ракометна репрезентација претрпе пораз од Хрватска, на првиот од двата предвидеин меча на „Кроација куп“, во Пореч, но селекторот Кирил Лазаров има причини да биде задоволен од голем дел од она што го прикажа нашиот национален тим.
Победата на Хрватска беше изразена со конечни 40-34, резултат, кој веднаш кажува за првиот недостаток во нашата игра – одбраната. Прифативме еден ритам со многу трчање и со динамична игра, во кој подобро се знајдоа Хрватите, уште во првото полувреме, кога поведоа со 9-5, а потоа и 10-6.
Македонија не дозволи уште тогаш да биде решен мечот, па на пет минути до крајот стигна до изедначување, 15-15, сепак со серија од 3-0 Хрватите повторно се одлепија и на пауза заминаа со 22-19.
И на стартот од вториот дел на површина излезе главниот недостаток на Македонија, недостасуваа одбрани од голманите, па Хјрватска можеби полека, но многу стабилно го надградуваше водството. до 55. минута стигна до највисоките плус седум, но од тој момент селекторот Хрвое Хорват посака да експериментира со „7 на 6“, а тоа не му тргна најдобро.
Македонија направи серија од 5-1 и се доближи на минус три, но победата никогаш не дојде во прашање. Манасков со девет гола беше најефикасен, одлична партија пружи пружи и Кузмановски со осум, а на четири застана Јагуриновски. Кај Хрватите, Мартиновиќ белескаше со осум погодоци. Утревечер од 20.15, го играме вториот тест во Пореч, против Израел.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Над 160 здравствени работници учеа да препозна…
Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смиреност…